300 корисници од населба Суитлак ќе добија чиста вода за пиење, проектот е вреден 13 милиони денари

Во должина од 4200 метри, 300 крисници од населбата Суитлак во Штип ќе добија нов водоводен систем. За реализација ан овој проект се потребни 13 милиони денари, од кои Општина Штип ќе учествува со шест милиони, а останатите средства ќе бидат обезбедени од самите граѓани кои живеат во овој дел од градот. Ова како иницијатива се провлекуваше со години наназад, а денеска зелено светло за реализација едногласно дадода сите советници во Советот на Општина Штип.

„Потребно е да се обезбеди финансиски средства за изградба на водоводен систем во населба Суитлак. Согласно пресметките утврдено е дека вкупниот износ е 13 милиони денари. Дел од средствата ќе се инвестираат од граѓаните додека остатокот од Општина Штип. Општина Штип ќе учествува со шест милиони денари, се опфаќаат 300 корисници, а должината на водоводната мрежа со сите краци е 4200 метри“ – вели Илиев.

Водоводниот систем во штипски Суитлак е долгогодишно барање на жителите кои живеат овде, со цел и тие да имаат ќиста вода за пиење.

Лаура Стојанова М-Нет