
Жени крводарителки доминираат од утринава на крводарителската акција организирана во Штип. Во ценатрот за трансфузиона медецина Штип, во периодот од 9 до 14 часот се спроведе акцијата по повод вчершаниот ден 14 јуни денот на крводарителството, а во соработка со спортските работници, спортисти, рекреативци. Ова е втора година по ред како се организира крводарителската акција под мотото „Спортистите даруваат“.
„Денешната акција е под мотото „Спортистите даруваат“. Се одржува двапати годишно традиционално веќе втроа година по ред. Повод беше вчерашниот дветски ден на крводарителството. Одзивот е навистина добар, и благодарност до сите кој се одзваа на повикот. Денес од сабајле доминираат крводарителки и им благодарам од сѐ срце“ – вели Шорова.
Некој по трети, по шести или по повеќе од 30 пати дарувал крв, крводарителите велат чувството е прекрасно со порака секој кој може да дарува крв и да спаси живот.
Освен вакви крводарителски акции, Центарот за трансфузиона медицина работи секој работен ден кога е отворен за крводарители.
Лаура Стојанова М-Нет