280 првачиња од Кочани и Оризари свечено ја положија заклетвата и станаа дел од Детската организација

Со заклетва дадена на глас првачињата во Кочани станаа дел од детската организација. Во паркот на револуцијата во Кочани, 280 првачиња од основните училишта во Кочани и Оризари дадоа заклетва дека ќе бидат послушни, ќе учат и ги слушаат своите наставници. Настанот е дел од одбележувањето на неделата на детето која се одбележува во перидот од 7 до 13 октомври. На настанот присуствуваше и градоначалникот Љупчо Папазов, кој истакна дека очекува првачињата понатаму да прерасната во здрави личности, успешни и почитувани граѓани.

„Тука сме денес да ја положите вашата заклетва со стапување во детската организација. Суштината треба да биде во однесувањето и почитувањето на она што содржи оваа заклетва. Обврска ќе биде и за вас и за вашите наставници да се изградите во здрави личности, во успешни и почитувани наши сограѓани. 280 дечиња ќе имаат можност да стапат денес во детската организација и да продолжат со квалитетно образование“ – вели Папазов.

За првачињата беа организирани и повеќе забавно ритмички точки од децата од повисоките одделенија.

Претходниот период првачињата во Кочани и Оризари се едуцираа за нивните права.

Лаура Стојанова М-Нет