
Денес низ светски рамки се одбележува денот на менталното здравје и по тој повод министерот за здравство Арбен Таравари изврши одбележување . Во изјавата, тој посочи дека во минатото менталното здравје беше занемарено, додека денес е секојдневие, а основната цел на ваквиот ден е не само индивидуално, туку и колективно освестување на луѓето за ваквите проблеми, кои што се почести и треба да се пријавуваат во надлежните институции.
„Порно нели менталното здравје беше табу за граѓаните, но денеска е секојдневие, се соочуваме и навистина целта е не само индивидуално, туку и колективно освестување на луѓето за ваквите проблеми, кои што се почести и повеќе лугето ги пријавуваат кај институциите кои што се компетенти за тоа.
Покрај изјавата по повод светскиот ден на менталното здравје, Таравари посочи и за сезонските вакцини за кои што од понеделник веќе е започната нивната дистрибуција
Инаку, денот Светскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври. Денот првпат бил одбележан од Светската федерација за ментално здравје во 1992 година. Целта зад одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје е да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје и да се мобилизираат напорите за поддршка на менталното здравје.