27 семејства од ранлива категорија денеска во Свети Николе ги добија клучевите од новите домови

27 семејства од ранлива категорија од Свети Николе денеска ги добија клучевите од своите нови домови. Со приближно 85 милиони денари инвестиција, семејствата од ранливи категории го решаваат своето станбено прашање и добиваат кров над глава. Во меѓувреме се работи на дозавршување на социјалните згради во Кочани, набрзо ќе се постави камен темелникот во Штип, а план за изградба има и за во Пехчево.

„27 семејства ќе добијат договори и клучеви од овој објект. Зградата се сосстои од 48 единци, во истата зграда има и 48 подруми. Оваа инвестиција изнесува приближно 85 милиони денари. Нашите цели како претпријатие е да ја одржиме динамиката на овој проект. Досега имаме изградено многу вакви објекти, а во завршна фаза се објектите во Демир Капија, Кочани, Дебар, Бутел. Во изградба ни е во Сарај во Скопје. Предвидени за идна изградба ни се објектите во Штип, за брзо овде ќе биде камел темелникот, како и објечтите во Прилеп и Пехчево.“ – вели Горгиев.

Граѓаните се презадоволни што конечно по долги години го решаваат своето станбено прашање и добиваат топол дом.

Најсреќен сум кога сум дел од вакви настани, посочи денеска во својот говор премиерот Димитар Ковачевски. Потенцираше дека како Влада се залагаат да помогнат на сите граѓани, особено кога се во прашње социјалните категории граѓани.

„Обезбедивме редовна исплата на правата од социјална заштита и дополнителна финансиска поддршка во време на најкризините месеци за справување со енергетската и и економската криза. Креиравме неколку пакети на антикризни пакети со кои ги поддржав,е ранливите категории на граѓани, потоа младите студенти, средношколци, невработени лица и лица со минимална плата. Само за неколку години социјалната помош ја зголемивме за 300%“ – додаде Ковачевски.

Покачување на пензиите и платите, инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните се заложбите на Влада презентирани денеска во Сети Николе.

Лаура Стојанова М-Нет