250 милиони денари во локалната економија поради неискористено државно земјиште

Акција против узурпација на државно земјиште во Штипскиот регион, во општина Карбинци најавуваат од државниот Инспекторатот за земјоделсво. Инспекторите ќе ја разгледуваат документацијата за спорни 80 хектари кои ги користи фирма со седиште во Штип. Казните за узурпација на државно земјиште се огромни велат за М нет од државниот инспекторат и се движат до 36 000 денари за узурпација на еден хектар. Во конкретниот случај прекршителот, односно узурпаторот на државно земјоделско земјиште, доколку се потврди неговата вина ќе мора да плати парична казна во висина од три милиони денари.  

Дел од земјоделците не ја почитуваат сопственоста и се упорни во узурпација на земјиште кое не е во нивна сопственост  истакнаа од испекторатот од каде најавуваат разгледување на уште два спорни предмети од овој регион кои го третираат проблемот за нераспределените 400 хектари  државно земјиште во Штип и Карбинци.

Од штипската агенција за земјоделство велат дека наскоро ќе бидат објавени конкурси за распределба на 360 хектари земјоделска површина која имајки ги во предвид измените во законот за земјишна политика  не смее да се распределува на помали парцели ,односно да се расцепкува .Земјоделците од овој регион веќе16 години се во исчекување на распределба на ова земјиште. Локалната  економија за една ипол деценија поради некористење на 500 хектари плодното државно земјиште изгубила близу 4 милиони евра.