
Според последните информации од Министерството за здравство во последните 24 часа од направени 2.349 тестирања на ковид 19 позитивни се 342 нови ковид случаи. Во Општините од Истокот новозаразени се 24 од лица од кои 9 во Штип, 8 во Кочани, 4 во Делчево, 2 во Пробишти и еден во Виница. Во изминатото деноноќие регистрирани се седум починати лица, но ниту едно од Општините во Истокот.
Во штипската болница во последните 24 часа новопримени се три пацинети, испишан еден, со што бројот на хоспитализирани е 37 на Инфективното одделение и три лица се на дневна амбуланта. Кожното останува празно. Од хоспиталзиираните 31 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 13 пациенти. Слободни се 33 кревти од кои 23 на Инфективното и 10 на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница на болничко лекување се шест пациенти од кои едно е вакцинирано, две се на кислородна поддршка. Слобдни се 21 кревет за ковид пациентите информираат од болницата.
Според информации од Министерството за здравство Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.
Лаура Стојанова М-Нет