Лишени од слободна двајца лихвари од Штип

Таканаречените црни тетртаки се уште се користат кај грѓаните. Тешката ситуација и финансиската криза причина за дел од граѓаните и загрозени ранливи семејства да мораат да земаат пари на заем за да преживеат. Но, ова не го оправдува фактот на дадениот заем да се наплаќаат големи камати за овие граѓани. Согласно на ова, во текот на вчершаниот ден лишени од слободна двајца лихвари од Штип, кој неовластено давале пари на заем и пресметувале неразмерни камати.

„Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од отсекот за економски криминал при СВР Штип лишени се од слободна две лица на возраст од 39 и 45 години од Штип поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело лихварство казливо по член 260 од КЗ . Тие се сомничат дека неовластено давале пари на заем притоа стекнувајќи се со несразмерно високи камати. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, како пари, банкарски картички, лични документи на оштетените и две тетратки во кои биле евидентирани заемите давани на лица од социјално ранливи семејства, како лица корисници на социјална помош и останати социјални додатоци“ кажа Панајотова.

Ос СВР Штип со апел до граѓаните да ги пријавуваат анонимно и бесплатно ваквите појави на нелегално давање пари на заем.

„Апелираме, а воедно и ги потсетуваме граѓаните дека анонимно можат да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0 800 00 201“ – додаде Панајотова.

Инаку, по целосно комплетирање и документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лаура Стојанова М-Нет