21-годишна девојка од Хрватска била физички нападната во куќа во Виница

На 08.06.2023 во 10.50 часот во Полициската станица Виница, 21-годишна девојка од Република Хрватска, со времен престој во Виница, пријавила дека на 07.06.2023 околу 19.00 часот во куќа во Виница била физички нападната од М.Д. од Виница. По комплетирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.