Видно зголемен водостојот на Козјачка река, има ли опасност од поплави во Карбинци?

Видно зголемен водостојот на Козјачка река во Општина Крабинци. Вчерашните обилни врнежи од дожд, на места во државата проследени со грмежи во форма на невреме, го отворија прашањето дали има простор за паника од излевање на реката во Карбинци. Градоначалникот, Виктор Паунов истакна дека реката била зголемена кај селото Таринци ама нејзино излевање немало. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека ситуацијата бурно се следи, со цел да не дојде до поплави и причинување на штети.

„Во вчерашното невреме во делот на Плачковица ситуацијата е стабилна. Она што беше во вчерашниот ден е зголемениот водотек на реките во Карбинци, ама ние бурно ја следиме ситуацијата. Во моментот е стабилна, коритата се стабилни, немаме ризик од излевање, ќе ја следиме ситуацијата и понатаму, доколку има потреба сме на готовс да реагираме и да спречиме било каква непосакувана несреќа. Меѓутоа, природата е непредвидлива ние бурно ја следиме работата се со цел да можеме да превенираме“ – кажа Паунов.

План и програма за превенција има, дециден е Паунов, па вели во соработка со дирексцијата за заштита и спасување ако има потреба подготвени се да реагираат.

„Во соработка со ДЗС имаме план и програма за превенција и доколку има потреба, ќе бидеме на терен и ќе реагираме“ – додаде Паунов.

Вчера во плачковичкиот регион кој е на територија на Општина Карбинци, гром уби стадо овци.

Лаура Стојанова М-Нет