Детонит Плачковица ја продолжи соработката со Иван Настевски

Детонит Плачковица и Иван Настевски ја продолжија соработката и за следната сезона од Втората македонска фудбалска лига, во која радовишани ќе атакуваат на местата кои водат во Првата македонска фудбалска лига.

Настевски и во следната сезона ќе го носи дресот на Детонит Плачковица, клуб кој претходната сезона забележа историски резултат освојувајќи го петтото место.

Во новата фудбалска 2023/24-та сезона – кон заеднички поставената цел – влез во Првата македонска лига, одиме повторно заедно со Иван Настевски. Му посакуваме успешна сезона и сите заеднички да се радуваме на нови успеси“, велат од радовишкиот клуб.