
200 бадникови и божиќни пакети подели Општина Штип на семејства од ранлива категорија. Традиционално петта година по ред, се подготвија пакети со зелник, овошје, и разни намирници неопходни за бадниковата вечера, со цел сите граѓани да можат достоинствено да ги дочекаат празниците. На ваков начин, преку солидарност, се помага на оние на кои им е најнеопходно.
„Веќе петта година по ред Општина Штип заедно со општествно одговорно компании создава Божиќни пакети со намирници во пресрет на бадниковата вечера. Преку урбаните заедници ќе бидат доставени до ранливи категории семејства.“ – вели Јорданов.
Преку урбаните заедници во Штип пакетите со прехрамбени производи ќе бидат поделени на самите семејства. Ова е од големо значење бидејќи никој нема да остане со празна празнична трпеза.
Во пресрет на божиќните празници од Општина Штип им поскаа здравје, среќа и бериќет на сите граѓани.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет