Пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ голем број дечиња во Штип го најавија големиот празник Божиќ

Пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ голем број дечиња, младинци денеска го најавија христовото раѓање. Со пештерката во раце, љубов во срцата, чиста мислам и песна, по улиците во Штип се разнесе радосниот детски глас кој симболизира надеж, заедништво и сплотеност. Поворката спристигна на плоштадот Слобода, каде дечињата беа пречекани од страна на градоначалникот Иван Јорданов.

„Пеејќи ја песна „Вечниот бог“, најавувајќи го христовото раѓање, носејќи ја радосната вест по улиците на нашиот град вие сте симбол на надеж, на заедништво, на солидарност и во име на тоа посакувам во пресрет на христовото раѓање да има заедништво, сплотеност, единство“ – вели Јорданов.

Бадниковата поворка во Штип се организира традиционално девета година по ред. Дечињата со жолти ѕвездички кои ја симболизираат витлеемска песна, ја продолжуваат вековната традициија.

„Бадниковата поворка традиционално и оваа година тргна од црквата Свети Никола доаѓајќи тука на плоштадот Слобода каде децата продолжуваат да ги пеат бадниковите и божиќни песни. Ѕвездичките кои ги држете во раце се симбол на витлеемската ѕвезда која го осветлува патот на мудреците до местото на раѓањето христово“ – вели Ристова – Михајловска.

Наплоштадот Слобода беа поделени новогодишни пакетчиња на сите присутни дечиња.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет