
Дваесет нови комплети постелнина изработија средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“ за детското одделение при КБ Штип, по повод светскиот ден на здравјето. Акцијата има за цел да обезбеди поудобни услови за престој на најмалите пациенти. Учениците во рок од две недели изработија навлаки, перници и постелнини од памучен материјал. Во изработката се вклучија десетина ученици од различни години, кои преку оваа иницијатива, упатија благодарност и поддршка до здравствените работници.
,,СОУ Димитар Мирасчиев Штип се вклучи со акција по повод денот на здравството. Изработивме 20 комплети постелнина за детското одделение, каде што сакаме да укажеме чест и задоволство што луѓето во белите мантили се грижат за нашите најмили. Оваа акција е за прв пат.“, вели Тасева
Средношколците велат дека зад оваа донација стои заеднички труд и силна желба да помогнат. За само две недели со своите вешти раце успеале да придонесат за условите на болницата.
,,Значи ние учениците изработивме 20 парчиња, комплети од навлаки и перници и постелнини исто така. Ги изработивме во рок од две недели и материјалот е мапучен за да биде удобен за најмалите дечиња. Се вклучивме повеќе ученици, од сите години, бевме околу 10 ученика.“, вели Петровска
Оваа хуманитарна акција е прв ваков ангажман на учениците, но велат дека нема да биде последен. Тие најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со слични иницијативи за поддршка на заедницата. Од училиштето посочуваат дека ваквите активности ја развиваат свеста за солидарност кај младите. Воедно, испраќаат порака дека малите гестови можат да направат голема разлика.
Иван Митев, М-Нет