20-годишно момче од Штип украло паричник со пари и лични документи во Струга

На 19.07.2023, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода В.Г.(20) од Штип. Тој се сомничи дека претходно одзел паричник со пари и лични документи од А.Ѓ. од Струга. Кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.