20 деца секојдневно питачат по улиците во Штип, како да се стави крај на питачењето?

Од 15 до 20 деца питачат секојдневно по улиците во Штип, околу 10 до 15 по улиците во Кочани. На ниво на државата оваа бројка е драстично поголема. Но, уште поголем е проблемот со кој понатаму се соочуваат овие лица. Хуманоста на граѓаните со шамар се враќа од децата кои питачат. Парите од питачењето се користат за наркотични дроги, цигари, скапи пијалоци, а децата добиваат по едвај 10 до 50 денари, а честопати и физички се напаѓаат. Биолошките родители, но и разни организации во вакви случаи ги злоупотребуваат децата.

„18 700 се деца кои не се во училишна клупа или во градинка, 2000 деца секојдневно ни питачат во цела Македонија и тоа во три смени. Работното време им започнува во 9 часот, а им трае до 2 часот наутро. Злуопотребувачите се самите родители, биолошките родители, организатори, мафијата, ние веќе откривме во Скопје како со комбе ги транспортираат“ – кажа Јовановиќ.

Децата да не го живеат своето детство на улица питачејки е главна цел на невладината организација. Јовановиќ истакна дека проблемот треба да се решава на институционално ниво, а се надева на вклучување и поддршка и од страна на Локалната самоуправа во Штип.

Дополнително се упати апел и до граѓаните да придоесат за отстранување на децата питачи од улиците, со тоа што својата хуманост нема да ја покажуваат на ваков начин. Резулататот од ова покажува дека секое петто девојче на возраст до 13 години си го продава своето тело за мобилен телефон од 5000 денари.

Лаура Стојанова М-Нет