
Осветлување на локалитетот Баргала, но и поплочување на улиците во штипско Ново село се дел од прокетите кои треба да бидат финансирани од Бирото за рамномерен регионален развој. Адреналинско авантуристичкиот парк во Суитлак во Штип е проект пак кој треба да биде финансиран од грантовата шема.
„Овде се улиците во Ново Село каде што ќе добијат еден автентичен изглед, ќе има поплочување со автентичната калдрма која е била некогаш на овие улици. Тоа е еден од проектите кој ќе биде презентиран и со кој Штип ќе аплицира, но овде е и проектот кој што е од грантовата шема, а тоа е адреналинскиот парк“
Од швајцарската амбасада приоритетни проекти за финансирање се и уредувањето на речното корито на река брегалница во Делчево, како и селекција на отпад, проект кој опфаќа неколку општини. Дополнително, од бирото се финансираат прокети во повеќе општини во Источниот дел од државата.
„Дел од проектите се дозавршување на спортско рекреативен комплек Равна река во Пехчево, заштита на животна средина со втора фаза за фекална канализација во село Соколарци, Општина Чешиново – Облешево, опремување на планинарскиот дом на Пониква, како и реконструкција на вадите и санација на каскадите во Општина Зрновци“
Денес се одржа вториот регионален форум на заедницата на кој се разгледаа приоритетните прокети за реализација во Општините од Истокот. До крајот на мај прокеите ќе бидат аплицирани во проектната единица. Адреналинскиот парк во Штип треба да биде завршен до 2025 година.
Лаура Стојанова М-Нет