
Вкупно 18 членови на клубот Ултра на ултрамаратонецот Тони Манев земаа учество на траил трката Чупино во Виница.
На најдолгата руда од 60 километри четврто место освои Робет Ѓошев, а Адријан Бојчовски беше петти. На 30 километри прво место за Златко Николов, четврти беше Ибраим Мамудов, седми беше Кристијан Киров.
Во женска конкуренција Ангела Величкова освои петто место. На најкратката и најбрза трка на 16 километри, трето место освои Благој Веселинов, а на четврто место заврши Кристијан Блажев.
Ултрамаратонецот Тони Манев зеде учество на трка во Германија во должина од десет и пол километри. Во својата категорија Манев заврши на петтото место со само 47 секунди заостанување од третиот. Вкупниот пласман на Манев е 35. место, а за телевизија М Нет вели дека тоа за него е изненадување бидејќи не трча рамни трки, а на истата трка биле пријавени доста атлетски клубови.
Александар Ванев, М-Нет