17 пакетчиња за дечињата со посебни потреби од Штип и 50 за дечињата од Таринци, доделија Оф роад клубот и Соул раидер од Штип

Доделени 50 новогодишни пакетчиња за дечињата од детската градинка во село Таринци и 17 за децата со посебни потреби во ООУ Ванчо Прќе Штип, од страна на Оф роад Клубот од Штип мото клубот соул раидер . Ваквата организација е со цел предновогодишно се изненадат дечињата и учениците, но и да се практикува еднаковста помеѓу истите на дело. Од страна на овој клуб велат со ова тие сакаат да ја истакна љубовта, која е неопходна за помалите и да им ги честитаат божикните празници. И додека ваквото ремек дело претставува задоволство од страна на клубот, од друга страна истото предизвика многу среќа и радост кај дечињата, кои пријатно беа изненадени во денешната посета на клубот. Покрај денес, доделување од нивна страна ќе има и во наредните денови. 80 пакетчиња и утре ќе израдуваат дечиња од градинката во населбата Баби и 20 на Детското одделение во КБ Штип. В сабота на 28 декември на штипската едносмерна ќе бидат доделени околу 600 пакетича, а доделувањето ќе се изврши од 15 часот. Како што посочија тие, ова претставува поттик за поголеми акции и организации од ваков карактер.

Лаура Стојанова, М-Нет