
Младиот македонски пливач Никола Ѓуретановиќ направи голем успех, откако постави нов рекорд во македонското пливање.
17-годишниот пливач во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во во Будимпешта, Унгарија, постави апсолутен рекорд на Македонија и младински рекорд на Македонија.
Со време од 3:53.05 Ѓуретановиќ го собори досегашниот рекорд на Марко Блажевски кој беше 3:56.32 за неверојатни 3 секунди и 27 стотинки.
Македонија има со што да се гордее бидејќи пред Ѓуретановиќ е светла иднина кој со овој успех најавува големи успеси на следните негови настапи.
Ѓуретановиќ кој е роден 2007 година се натпреваруваше на Летните олимписки игри во Париз.
Александар Ванев, М-Нет