Ѕиври, пижами и поткошула се честа примена кај штипјани за да се чувствуваат топло во ледената зима

Ѕиври, пижами и поткошула се честа примена кај штипјани за да се чувствуваат топло во ледената зима. И додека од една страна топлиот напиток е дефиниција за затоплување на човековото тело, од друга страна облеката е таа која го спречува студот да навлезе во него. Граѓаните велат дека практикувањето на ваквите елементи за време зимен период е добра опција, која тие ја практикуваат многу почесто во својата старост.

Покрај облеката, во ладната зима граѓаните користат и различни топли напитоци, кои имаат влијание за да се стоплат

Инаку ѕиври припаѓаат во групата на долна облека, која е позната по исклучително квалитетните материјали и изработка со врвен квалитет. Ѕиврите се среќаваат во различни бои и истите имаат рендер на ногавиците. Се изработуваат од памучен материјал, кој обезбедува максимална удобност, пријатно чувство и топлина за време на носењето и практикувањето во зима.

Лаура Стојанова, М-Нет