16 гласови пресудни, Љупчо Папазов е новиот градоначалник на Општина Кочани

Општина Кочани доби нов градоначалник во вториот изборен круг Локални избори 2021. По неизвесното броење на гласовите, по официјалните резултати од ДИК, Љупчо Папазов од ВМРО ДПМНЕ  победи со 16 гласови пред Николчо Илијев од СДСМ. Во Кочани прво на глас имаа 32.972 гласачи кои своето демократско право го остварија на 63 избирачки места. Во село Безиково на гласање немаше излезено ниту еден гласач, а вкупна излезност во Кочани вчера беше 54,62%. За Папазов гласаа 48,29% од гласачите или 8.697 избирачи, а за Илијев 48,20% или 8.681 гласачи. Победата на новиот градоначалник во Кочани започна пред штабот на ВМРО – ДПМНЕ, па продолжи во трговскиот центар. Папазов им се заблагодари на граѓаните во Кочани за добиената доверба истакнувајќи дека од денеска ќе следи само работа.

„Благодарност до гласачите, сите гласачи од Општина Кочани! Благодарност до моите симпатизери и поддржувачи! Благодарност до вас новинарските екипи коишто бевте трпеливи да го дочекате конечниот резултат! Една порака до политичките противници, немојте да манипулирате до последен момент со записниците! Граѓаните од утре можат да очекуваат работа, многу работа. Нè очекува тешка работа, период во кој ќе дадеме сè од себе, заедно со екипата, со поддржувачите, со луѓето кои ќе бидат во мојот тим да оствариме резултати кои ќе бидат забележливи за Кочани.Изјава 00,17 благодарност 00,40 записниците лепено 02,03 граѓаните 02,07 работа лепено 03,11 не очекува 02,28 кочани Љупчо Папазов Градоначалник на Општина Кочани

Освен Општина Кочани, градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ во вториот круг добија и општините Чешиново – Облешево, Пехчево и Македонска Каменица.

Лаура Стојанова МНет