
Клиничка болница Штип набави 140 душеци со прекривки за потребите на повеќе оддели во болницата. Станува збор за набавка кој се изврши сосопстевни средства од Буџетот на болницата, а како што истакна директорот, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес конференција се работи на подобрување на условите во болницата и престојот на пациентите. Со ова сите кревети во болницата добиваат нови душеци и прекривки.
„ Тоа е јавна набавка, којашто ја спроведовме во изминатите месец и половина и денеска дојде до реализација. Станува збор за набавка на 140 душеци. Тоа е работа што Клиничка болница-Штип ја реализираше од свои сопствени средства.Вредноста на овие душеци и некаде околу 1,5 милиони денари, вели Ѓеорѓијев.
Ѓеорѓијев во денешната прилика посочи дека болничките душеци ќе бидат веднаш распоредени на сите одделенија, со што пациентите кои се хоспитализирани ќе имаат подобри услови за престој и грижа. Инаку пред само еден ден штипската болница доби десет медицински кревети донација од Француска асоцијација. Со вложувањето во апаратите, болнички кревети и душеци се работи на подобрување на условите во самата установа.
Лаура Стојанова М-Нет