13 повредени во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти од Пакистан и Авганистан се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера вечер околу 20 часот на патниот правец Радовиш – Штип. Според информаците од СВР Штип, несреќата се случила на место викано „Десетти километар“ помеѓу мерцедес со велешки регистарски ознаки, камион „Даф“ со скопски таблички и уште еден автомобил со бугарски национални ознаки. Автомобилот со мигрантите претекнувајќи го камионот,  изгубил контрола и директно се судрил со автомобил кој сообраќал кон Радовиш. За здравствената состојба на хоспитализираните, информира Марина Шуманска портпарол на Клиничка болница Штип.

– „Вчера вечер во болницата се донесени 13 лица, од нив 11 се мигранти и две наши сограѓанки. Прегледани се од ортопед и хирург, седуммина се задрѓани на одделението за хирургија, а шестмина на ортопедија. Шестмина од хируршкото одделение се пуштени на домашно лекување, а од оние што се лекуваат на ортопедија, двајца се со тешки телесни повредди.“ – изјави Марина Шуманска Портпарол на Клиничка болница Штип

Возачот на мигрантите побегнал од местото на настанот. Шестмина од повредените мигранти се со полесни повреди и денес се пуштени на домашно лекување во Прифатниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија.

Славица Величковска

Горан Христовски