13 февруари- светски ден на радиото, колку често се слуша радио?

Дури се патува, работи или одмара, луѓето често користат радио. По повод денешниот светски ден на радиото, граѓаните велат дека тоа знае да биде нивен верен другар. Некогаш го користеле повеќе, сега по малку, ама сите анкетирани децидни дека покрај телевизиите користењето на радиото е неопходно за да бргу се дознае вест или настан.

Работата на водителите кои што работат зад микрофоните на радиото, велат дека е исклучително одговорна. Бара многу внимание, многу идеи, посветеност и точност, но и брзина кога станува збор за официјална вест.

Во согласност со ситуацијата во 2013 година,Генералното собрание на обедниеттие нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО да биде 13 февруари. На овој ден се слави радиото како медиум кој образова, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.

Иван Митев, М-Нет