
По единаесети пат се одржува традиционалниот турнир во фудбал по повод празниокт Илинден во Зрновци.
Веќе се одиграа неколку натпревари, а големото финале е предвидено за 31. јули.
Според досега одиграните натпревари Амфенол со 3:2 го доби Тркање, а пак Дамјан со 3:2 Ружи. Вчера Але дар одигра 1:1 против Амфенол, а Дамјан со 3:1 славеше над Бока.
Вечерва на програмата се нови два натпревари. Од 18:30 часот Тркање против Але дар, а еде час подоцна Ружи против Бока.
Традицијата продолжува, а жителите на Зрновци и околните места може да уживаат во добар фудбал.
Александар Ванев, М-Нет