10 декари борова шума изгоре во село Костин Дол Каменичко

Пожарот кој денеска избувна нешто околу еден часот попладне во штабско маало кај селото Костин Дол е локализиран.

Од територијалната противпожарна единица Македонска Каменица учествувале тројца пожарникари како и десетина вработени од Јавното Претпријатие “Камена Река”. Изгорена е околу 10 декари борова шума. На местото на настанот останува дежурна екипа како превентива за да се спречи евентуално повторно разгорување.

Благојчо Костадинов М-Нет