
Градоначалникот Јорданов уште еднаш ги излажа граѓаните на Штип и манипулира со нивните пари истакнаа денес на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Според нив Централната власт како никогаш досега инвестира во Штип и регионот во изградба на модерна инфраструктура, канализација и водовод, лаколни улици и патишта. Со инвестиција од над 700 милиони денари во инфраструктура и над 110 милиони евра во експресни патишта централната власт приднонесува за Штип и регионот.
Според ОО на СДСМ Штип, Јорданов се расфрлал со ветувања за да дојде до фаотелја која очигледно е преголема за него, а средствата кои ги добил за макфест се само алиби за да излезе жртва во очите на јавноста.
Од кабинетот на градоначалникот пак одговорија дека за СДСМ да одржи ваква прес конференција потребно е да има чист образ, но ти немаат доблест да се повлечат и да размислат.
„За СДСМ да одржи ваква прес конференција потребно е да има чист образ. Меѓутоа, штом немаат доблест да се повлечат и да размислат што ќе кажат, мораме да ја потсетиме јавноста дека токму директорите од оваа партија го оставија ЈП Исар со долг од вртоглави 300 милиони денераи. Но, не само тоа. Не знаејќи како се реализираат проекти, повеќето од нив беа заглавени до степен неколку месеци граѓаните да газат во кал. Ако ги направиле сите оние работи кои ги наведуваат, зошто истите се уште не беа реализирани и промовирани“ – напишаа од кабинетот на градоначалникот.
Од таму додаваат дека СДСМ периодов можат само да гледаат како се работи и да бидат сведоци на градежната експанзија која следи.
Лаура Стојанова М-Нет