Џудо јуниорите го имаа првиот заеднички тренинг во Кочани и уште во четири градови истовремено

Кандидатите за состав на јуниорската репрезентација во џудо имаа заеднички тренинг кој истовремено, се оддржа во пет градови, Кочани, Прилеп, Струга, Кавадарци и Скопје.

Тренингот на отворено во сите градови помина во добра атмосфера, со видно задоволство од страна на џудистите кои со нетрпение го очекуваат стартот на тренинзите и натпреварите.

„Како селектор изразувам голема благодарност до тренерите Трајче Марков, Ѓорѓи Стојанов, Драган Шекероски и Дејан Мицкоски кои прифатија да бидат одговорни за првиот заеднички тренинг“ – изјави Горан Мицкоски, селектор на јуниорската репрезентација.

Тренинзите беа реализирани во согласност со утврдените протоколи за одвивање на тренинг на отворено во време на пандемија.