
Во изминатите три години имало 30 пензионирања, со што ослободени се 30 работни места во националните културни установи, посочи министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на денешната посета во Свети Николе. Како што вели ќе работи на фукнционална аналза за да се види реалната состојба на потребни кадри, затоа што не се водело грижа за работните позиции.
„Да има недостиг на кадар, вчера бев во музејот на Македонија каде што ме известија дека во последните три години има 30 пензионирања, по однос на пензионирања, 30 работни места помалку, а само едно лице вработено. Работиме на функционална анализа на функционалните установи да видиме кои работни места реално ни се потребни во овие седум години, бидејќи не се водело грижа за тоа какви работни позиции се потребни.“ – изјави Љутков
Многу е тешко да се вработи нов кадар во 2024 година, по направениот ребаланс за буџетот. Министерот посочи дека фукционалната анализа ќе биде готова за околу месец и половина за да се предви бројот на нови работници.
„Работиме функционално со анализа и во 2024 е многу тешко да предвиде сега бидејќи направивме ребаланс на буџетот. Бидејќи буџетот е во катастрофална состојба, но таа функционална анализа ќе биде готова за околу месец и половина и ќе предвидиме нови работни места во 2025 година бидејќи најголем проблем имаме во стручниот кадар, не толку во администрација, буквално во стручниот кадар во сите национални установи.“ – додава Љутков
Во 2025 година се очекува вработување на нов стручен кадар, бидејќи недостигот на кадар е во стручниот, а не во административниот.
Лаура Стојанова, М-Нет