Ќе се реконструира објект во село Селце, наменет за младите и децата, вклучени партнери

Подобрување на условите во руралните средини пред се за децата и младите е иницјатива на неколку вклучени организации и Општина Штип со цел да се создадат подобри услови за живеење. Денеска беше потпишан мемоорандум за соработка меѓу извидничкиот одред, ЛАК Плачковица, мрежата за рурален развој и Општина Штип. Сите заеднички ќе работат за адаптирање на простор во село Селце, односно подоби услови за децата кои одат на училиште.

„Во прва фаза е адаптирање на простор во селото Селце, ќе овозможиме подобрување на постоечката инфраструктура, достапност до руралните средини и едукацја на млади“ – вели Јорданов.

Зградата која ќе биде рекнструирана е предвидено да биде училиште, а да има и простории за извидници, но и катче каде ќе може да творат децата. На ваков начин ќе се работи и на подобрување на инфраструктурата во село Селце.

„Станува збор за една иницијатива која ќе рекоструира објект кој ќе биде наменет за едукација на пред се деца и млади.“ – вело Тошиќ.

Фокусот е ставен на младите, а целата е да се мобиизираат сите вклучени партнери и заеднички да се придонесе за развој на руралните средини и овозможување подобри услови за живот на граѓаните.

„Фокусот ни е веќе насочен уште на самиот почеток кога започна оваа програма. Тука се покриени 18 општини во Источниот регион, серевоисточниот и југоисточниот регион. Вклучени се пет партнери. Фокусот е што повеќе да се мобилизира сите партнери“ – вели Горгиевски.

Ова е трета инцијатива која се спроведува на територија на Општина Штип, а девета на територијата на ЛАК Плачковица, односно во општините Штип, Карбинци, Конче и Радовиш.

Ваквите иницијативи ќе продолжат и во иднин, преку заедничка соработка на сите партнери, ќе се работи во неколку фази, но со единствена цел подобро место за живеење за секој граѓанин.

Лаура Стојанова М-Нет