Ќе се забрза постапката за отворање на границата “Клепало” со Бугарија

Нов граничен премин ќе биде изграден помеѓу Бугарија и Македонија. Овој премин се наоѓа помеѓу Берово и Струмјани во Бугарија. Стратегискиот проект “Клепало” ќе обезбеди уште една врска помеѓу двете држави. Изградбата на новиот граничен премин ќе се финансира со 10,3 млн.евра од Програмата за трансгранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија за периодот 2021-2027 год. Со оваа програма ќе се доизградат и патиштата што водат до овој граничен премин од Берово и Струмјани. Министрите при денешната посета на Бугарија усвоија чекори за забрзување на постапката за изградба на “Клепало”