
Проблемите на оризопроизводителите од кочанско никако да престанат. Жетвата заврши, ама се уште не е откупен ниту ланскиот ориз. Оризопроизводителите немаат земано ниту помош од државата поради ковид пандемијата. Велат произведуваат храна, а трпат за храна, па со оглед на сегашната ситуација најверојатно ориз веќе нема ниту да се сее. За сега со оваа култура се занимаваат само повозрасните бидејќи помладите егзистенцијата ја бараат надвор од државата.
„Нашите реакции беа следни и се од причина што 15% е исплатено од Ковид, 85% не е исплатено оризот од 2021 година не можеме да го предадеме, нема кој да го откупи оризот. Втора работа нема ниту да се сее оризот оти со една вреќа ѓубре од 25 кг, ние имаме 4000 денари за ѓубре за еден декар“ – велиАрсов.
Дополнително на ова, оризарите додаваат дека палењето на стрништата по жетвата постои од Турско времен, но и дека додколку истите не се палат оризот нема да успее.
„Ние во 2021 година имавме проблем со габични инфекции. Многу од оризот не успеа, има површини кои многу се некавлитетни. Затоа единствен начин, еве гледаме и во Турција со оризот е палењето на стрништата. Тоа е единствениот начин да се ослободиме од габичните инфекции“ – додава Ташкоски.
Оризопроизводителите од кочанско најавуваат протести од поголеми размери, ако до петок не им се излезе во пресрет на нивните барања, односно ако не се продолжи рокот за откуп на белото злато до месец јуни, како и испалата на ковид мерката на сите земјоделци кои произведуваат ориз. Протестот ќе биде со блокада на патниот правец Кочани – Штип кај село Облешево, со земјоделска механизација.
Лаура Стојанова М-Нет