Ќе се градат типски куќи во Света Недела во Штип, целта е да се подобрат условите за живот на ромската заедница

Ќе се започне со изградба на типски куќи во населбата Света недела во Штип, посочи Ерол Aдемов на денешната седница на Советот на општина Штип. Ова е дел од проектот „Штип и Берово за подобрување на условите за живот на ромските заедници“. Вкупниот буџет за проектот изнесува 895.400 евра. Со изградбата на типските куќи се предвидува да се нормализираат условите за живеење на 47 ромски семејства кои живеат во старото нервно одделение

„Целта на самиот проект е изградбата на типските куќи кои што ќе се наоѓаат во населбата „Света Недела“ и инфраструктурата која што ќе може да се оформи како една целина за да може да имаат достојно и нормлано живеење на сите граѓани кои што живеат во старото нервно одделение трајно да се реши овој проблем.“ вели Адемов

На седницата на советот овој предлог наиде на критики од страна на советникот Ангеле Михајловски кој посочи дека овие семејства треба да се поврзат со урбаната заедница и на тој начин да се изнајде долгорочно решение за овој проблем.

„Мое мислење е дека тие семејства треба да се претопат во средината, во урбаните средини и на тој начин да се реши проблемот а не дополнително да се гетонизираат. Значи нивните деца треба да се образуваат, треба да се цивилизираат и утре кога ќе пораснат да бидат корисни за ова наше општество, а вака според мене е додавање масло на огинот.“ посочи Михајловски

Во овој момент веќе се завршени тендерските постапки во однос на инфраструктурата и веќе е започнато со изведување на инфраструктурата, посочи Адемов

„Веќе се започнати со изведување на самата инфраструктура за овие 41 семејтво и за иситите да можат да живеат нормално исто како и сите други затоа што условите во старото нервно одделение се неисполнувачки за нормален живот за овие семејства.“ вели Адемов

Предлогот на денешната седница на советот беше усвоен со 16 гласови за, и еден воздржан Проектот е започнат во 2021 година. Во текот на овој период локацијата за градење на типските куќи беше промената три пати. Најпрво предог- идејата била во населба Баби, потоа во населбата Три Чешми, а сега е моменталната локација.

Лаура Стијанова, М-Нет