
Тоа што телевизија М Нет го најави во претходниот ден, денес Брегалница го потврди со промоцијата на голманот Дамјан Серафимов и десното крило Иван Глаевски.
23-годишниот Серафимов доаѓа од редовите на Охрид Лихнидос, во својата кариера има настапувано и за прволигашот Македонија ЃП, а се очекува да биде прв кандидат за „единицата“ на штипските „сини“.
Во Штип денес беше промовиран и 27-годишниот Галевски, кој игра на позицијата десно крило, а во својата кариера има настапувано за Силекс, Струга ТЛ, Победа, Кит Го од Пехчево, Брера Струмица, Еуромилк ГЛ и Македонија ЃП.
Брегалница пополека го екипира тимот за новата сезона од Втората лига, во која „сините“ сакаат експресно да се вратат во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона испаднаа како последнопласирани.
Александар Ванев, М-Нет