УГД стана дел од Европската универзитетска алијанса

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип стана дел од Европскита Универзитетска Алијанса. (ACE_EU2), првите почетни активности започнаа во 2022 година а договорот за меѓународна соработка е потпишан во 2023 година. Целта е да се оствари длабока транснационалана соработка која ќе им овозможи на студентите побогати знаења.

„Целта на оваа Алијанса е како што споменав остварување на длабока транснационална соработка со предвидување на разни активности со кои што ќе се движиме во насока на остварување на таа двојна транзиција практично кон дигитално и кон зелено општество„ вели Никодиновка – Крстевска

Предноста на учеството на Алијансата е тоа што Универзитет „Гоце Делчев“ ќе биде носител и раководител на работниот пакет кој се однесува за воспоставување на е-кампус, посочи проректорката за меѓународна соработка Ана Никодиновска – Крстевска

„Во рамките на оваа Алијансата, факултетот ќе биде носител и раководител на работниот пакет кој што се однесува за воспоставување на е- кампус. Значи нашиот универзитет ќе придонесе да го воспоставиме тој заеднички електронски дигитален кампус, односно таа дигитална платформа преку која што ќе се остваруваат сите овие активности„ изјави Никодиновска – Крстевска

Членството на Универзитетот во Европската Универзитетска Алијанса ќе ги поедностави условите за признавање на дипломите, со тоа што програмите ќе се споат со останатите програмите од другите девет универзитети.

„Самото членство ќе овозможи на некој начин многу поедноставни процедури на признавање, добива на тежина дипломата на Универзитетот Гоце Делчев бидејќи ќе ги споиме програмите. Целта е да се изедначи квалитетот на студирање на сите девет универзитети“ посочи Мираковски

Европската алијанса беше формирана во декември во Сантерем, помеѓу девет универзитети. Португалија, Шпанија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Австрија, Германија, Македонија

Лаура Стојанова, М-Нет