
Ќе поскат ли повторно лебот и белите пецива или цените барем засега ќе останат мирни? Штипските пекари велат дека во моментов нема ново покачување, но сите очи се вперени кон новата жетвата и цени на брашното и пченицата. Велат дека трошоците растат од сите страни и дека тие засега врзуваат крај со крај. Во Штип лебот моментално истакнаа дека се продава од 35 до 40 денари, а бурекот веќе достигнува цена и до 90 денари, зависно од тоа со што е направен. Пекарите смируваат дека засега нема место за паника и велат дека следните неколку месеци ќе покажат дали цените ќе останат исти или ќе следува нов бран поскапувања.
,,Во исчекување сме и ние, да видиме како ќе биде состојбата пред се со жетвата, кога ќе почне и да видиме како ќе се одвиваат цените на брашното и пченицата. Инаку, се надеваме дека цените на енергенсите ќе се намалуваат, тоа се надеваме, но ситуацијата во моментот е таква каква што е. Засега ние врзнуваме крај со крај, имаме брашно до следната жетва. Тоа брашно се уште ни е по стара цена, а набавната цена не знаеме која ќе биде, бидејќи има најави дека знаете каква е нивната ситуација што го произведуваат пченица, дека им се покачи нафтата, трошоците, губрето и ние се надеваме дека нема драстично да се покачи цената на брашното. Ќе видиме, во исчекување сме, имаме сили да издржиме уште некој месец.“, вели Малинов
Штипските пекари и натаму остануваат децидни дека се зависи од тоа што ќе се случува во следните месеци. Сега засега како што велат цените остануваат непроменети.
,,Па јас мислам дека нема да има поскапување сега за сега, како што реков ќе почекаме да видиме да ги направиме сите пресметки и тогаш ќе одлучиме што и како понатаму. Сега за сега нема покачување. Во Штип цената на лебот се движи 35 денари, можеби некои и поскапи до 40 денари. Бурекот се продава по 70 денари за пица, бурекот со урда е 60, додека со месо е поскап и до 90 денари.“ , додава Малинов
Она што понатмау останува е да се види каква ќе биде состојбата во следните месеци, кои ќе бидат пресудни за цената на лебот и белите пецива.
Иван Митев, М-Нет