
Бројот на ново заразени од Ковид 19, благо се зголемува, поточно има можност за нов Ковид бран. По последниот голем ковид бран кој ја зафати територијата на наштата држава во ноември и декември минатата година, почетокот на оваа година бројките постепено се намалуваа. Се до пред нешто повеќе од недела дена кога боројот на ново зарзени лица почна рапидно да расте. Според Министерот за здравство Венко Филипче ова се должи пред се на непочитувањето на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, поголемиот број на собирања пред се овозможени и од затоплувањето на времето. Затоа утринава Комисијата за заразани болести и Министерот за здравство, предложија воведување на нов полициски час на територијата на државата од 22 часот до 5 часот наутро и тоа започнувајќи од среда 10 март. Филипче на социјалната мрежа фејсбук на неговиот профил напиша дека воведувањето на нов полициски час е предлог заради трансмисијата на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема. Во изминатто деноноќие од направени 2259 тестирања позитивни се 333 нови случаи од кои по два има во Штип Кочани Берово и Виница. Од Клиничката болница Штип информираат дека моментално има слободни 22 кревети. Но, во изолација од вчера и е градоначалникот на Штип, Сашко Николов, кој тоа го напиша на својот фејсбук профил, поради контакт со заболено лице од корона вирусот. Исто така, и Николов и Филипче со апел до граѓаните да внимаваат да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател за да не ни се повтори уште еден бран како последниот од минатата година. Инаку, во текот на вчерачниот ден пристигнаа и 3000 вакцини од Русија „Спутник“. До крајот на месецов се очекуваат и кинеските вакцини „синофарм“.
Лаура Стојанова М-Нет