Ќе има ли нови блокади – оризарите од кочанско до петок ќе чекаат потоа ќе протестираат

До петок ако не се одобрат барањата на оризопориводителите од кочанско земјоделците повторно ќе излезат на улица за да си ги бараат своите права. Велат дека оваа година производството на ориз е катастрофално, дел заради сушата, дел заради болести. Се надеваат дека надлежните ќе ги слушнат нивните барања и ќе им излезат во пресрет на истите.

„Ослободување од воден надоместок, враќање на старта цена од 800 денари и прогласување на елементрана непогода. Овие барања ако се прифатат ќе ни помогнат многу, од болеста, од сушата. Оризот е катастрофа оваа година“ – вели Арсов.

Цена под 60 денари за килограм оризова арпа е неприфатливо за оризарите. Велат дека трошоците се многу поголеми, па треба да биде поголема и цената за да продолжи да се произведува ориз. Седејќи ја цената на берзата согласни се дека цената на оризот треба да се зголеми.

„Од 50 до 60 денари ако е цената на арпата нема потреба да сееме ориз. За да се поклопеме не треба да биде помалку од 60 денари цената на оризовата арпа“ – додава Арсов.

Оризарите многупати до сега на улица преку протест ги бараа своите права, преку блокада на патниот правец Кочани – Штип.

Лаура Стојанова М-Нет