Дали крлежите се опасност за штипјани – има ли причина за паника кај граѓаните?

Се вклучува ли алармот за зараза од конго кримската треска по убод од крлеж. По регистрираниот и трет случај во државата, прашавме на терен во Штип, дали крлежите се опасност за граѓаните. Штипјани велат од секогаш имало крлежи и ќе има, за нив новитет се болестите кои се пренесуваат преку крлежите.

„Тука во Штип нема, и да има тие не се опасни. Јас сум рибар не сум сретнал крлеж, и да има отстранам го. Тие не се опасни, ама сега како што гледаме има и опасни крлежи“ – велат граѓани.

Најчесто ги има кај домашните миленичиња додават граѓаните на терен, а лушето честопати не се ниту свесни дека се каснати од крлеж. Ова е главната причини поради која често се јавуваат на лекар, а уште почеста е сликата крлежите да се вадат во домашни услови.

„Јас имам домашно милениче и знам дека има крлежи. Домашните миленици ги прскаме прегледуваме, а луѓето никако не се заштитени. Сега е исушена тревата и има помалку, но пролетта и есента ги има во поголем број. До сега не беа опасни, ама сега опасни се“ – велат граѓаните.

Од конго кримска хеморагична треска по убод од крлеж почина 27 годишна жена од штипско, а се зарази и болничарка во Скопје. Третиот регистриран случај е кај рибар од Велес. Од Центарот за јавно здравје апелираат граѓаните да внимаваат, да носат светла облека и да побараат лекарска помош.

Лаура Стојанова М-Нет