
Третиот сет исто така наликуваше на тој од првиот каде норвешкиот тим се обидуваше да наметнува своја игра против расположениот Штип УГД.
Дефинитивно момците на Кристиан Ристески беа расположени за игра вечерва 7:3 беше резултатот во преполната СРЦ „25 Мај“, а Норвежаните беа во шок.
Екипата на Ристески постојано ја зголемуваше предноста во третиот сет и стигна до 14:8.
Дисциплинирана, сигурна и мотивирана игра за Штип УГД кој иташе кон 3-0 во сетови, а публиката за секој поен едногласно ракоплескаше.
Третиот сет со 25:16 го доби Штип УГД и се избори за златен сет.
Штип УГД е пред историска европска победа, а доколку се пласира во следна фаза – штипјани ќе играат со италијански Милано.
Александар Ванев, М-Нет