Ќе добие ли Штип изглед како Дубаи?

Општина Штип и ЈП „Исар“ преземаат сериозни активности со кои се отстранува дрворедот на булеварот „Партизанска„ во штип на еден поинаков начин. Впрочем, дрвјата не се острануваат со нивно сечење, туку со целосно вадење со посебна механизација позјмена од град Скопје, со која дрвјата без да се оштетат се пресадуваат на нова лкација, покрај пешачката патека кај коритото на река Брегалница. Со ова во топлите, летни денови штипјани ќе може да уживаат на подобар  начин од досегашниот.

„Со цел да не ги сечеме и уништуваме дрвјата ние донесовме во соработка со град Скопје, и градоначалникот Петре Шилегов, го донесовме ова возило или машина кое има за цел буквално да го извади од корен дрвото, и ќе ги засадиме овие дрвја покрај кејот на река Брегалница“ – истакна градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

На местото од каде што се вадат сегашните дрвја ќе се направи едно ново, модерно, хортикултурно уредување, кое ќе преставува пример во регионот како треба да изгледа еден булевар. Ваквиот начин на вадење на дрвјата, а притоа истите да не бидат исечени и уништени се случува за прв пат во историјата во Штип, истакна новиот диектор на ЈП„Исар“ Здравко Коцев.

„Како што гледате за прв пат во историјата на Штип и Источна Македонија се случува да не доаѓа моторната пила и да се сечат и уништуваат дрвјата туку ги вадиме од корен и ги пресадуваме. Нашата цел е ниту едно дрво да не се уништи туку да се садат нови дрва, да се збогатува Општина Штип со зеленило“ – истакна директорот на ЈП„Исар“, Здравко Коцев.

А додека интезивно се работи на терен, не паузираат ниту коментарите на социјалните мрежи. Дирекотор на ЈП„Исар“, Коцев, не откри детали што точно се планира да биде направено, но вели со трпение ќе бидеме сведоци на нешто што го нема во нашата држава.

Лаура Стојанова М-Нет