
Од следната сезона доаѓаат промени во Првата, Втората, но и Третата македонска фудбалска лига. Ќе биде вистински предизвик да се избори опстанокот во Втората лига во сезона 2025/2026, затоа што дури пет екипи директно испаѓаат од Втората лига во Трета лига односно екипите од 16 до 12 место, а пак екипите од 11 до деветто место ќе играат бараж за опстанок во Втора лига.
Ваквото драстично испраѓање доаѓа поради кратењето на лигата за од сезона 2026/2027 кога Втората лига наместо 16 ќе брои 14 екипи, а пак Првата лига наместо 12 екипи ќе брои 10 екипи.
Од сезона 2026/2027 од Првата лига ќе испадна само последнопласираната десетта екипа, а пак деветтата и осмата екипи ќе играат бараж за опстанок во Прва лига.

Во однос на тоа што во иднина од Втора лига ќе испаѓаат директно последните три екипи односно од 14 до 12 место, а баражот за опстанок во Втора лига ќе биде минато.
Тоа ќе значи дека од сезона 2026/2027 Третата лига наместо како досега пет региони ќе брои шест региони, па според таков систем на натпреварување шампионите во шестте региони на Трета лига меѓусебно ќе играат бараж за влез во Втора лига, со што победниците би биле нови второлигаши, а поразените ќе останат одново во Трета лига.
Александар Ванев, М-Нет