Кривична за келнерка која послужила алкохол на малолетник во Македонска Каменица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Македонска Каменица”, Л.Л.(22) од Македонска Каменица-основач и управител на правното лице и Б.Г.(24) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. На 16.05.2025, пријавениот Л.Л. како одговорно лице во правното лице ѝ дозволил на пријавената Б.Г., која не била вработена во објектот, да врши угостителски услуги, при што е констатирано дека со алкохолен пијалак послужила 17-годишник.