Ќе бидат ли достижни очекувањата на кочанчани за новиот градоначалник во Кочани

Во пресрет на вториот круг Лоокални избори кои ќе е закажан за во недела 31 октомрви, ги прашавме граѓаните на Општина Кочани што очекуваат од новиот градоначалник без разлика кој ќе биде тој. Пред камерите на М-Нет телевизија тие истакнаа дека треба да има работа за младите, подобар стандард за живот си сите граѓани, но и подобрување на инфраструктурата. Очекувања за поубаво Кочани како и решавање на стари и вообичаени проблеми.

Истовремено ги прашаваме кочанчани колку се задоволни од вложувањата и работата на сега актуелниот градоначалник. Поголемиот дел од анкетираните граѓани на Општина Кочани беа со позитивно мислење за сработеното од сегашниот градоначалник во последните четири години.

Кочанчани во вториот изборен круг ќе избираат татко на градот на седмите по ред Локални избори во државата. Во трката за градоначалничката фотелја остануваат кандидатот за градоначалник од СДСМ ,Николчо Илијев, и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Папазов.

Лаура Стојанова М-Нет