
На Балканското првенство во Борење што се одржува во Грција македонските борачи ги освоија првите медалји. Со златни медалји досега се закитија во Кадетска конкуренција Марија Спирковска и Теодор Ѓоргиев, додека бронзени медалји освоија Рамадан Рамадани и Арбен Сеиди. Според информациите од тренерот Бобан Данов денес се очекува настап на Пионерите Андреј Трајчов, Стефан Стојков, Стојанче Стојков, Јован Атанасов, Јован Стефанов и Дамјан Смилков. Инаку нашите борачи на ова Балканско првенство се предводени уште од тренерот Горан Стојанов и тим лидерот Ангел Стефанов.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk