Љупчо Дориев играч на месецот во првенството на Узбекистан и најдобар стрелец!

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев игра во одлична форма во првенството на Узбекистан, а потврда за одличната форма е тоа што 28-годишниот струмичанец е избран за фудбалер на месецот.

Во текот на месец мај на пет одиграни натпревар во дресот на неговиот клуб Согдиана македонскиот интернационалец постигна седум гола. Повеќе од заслужено Дориев е избран за играч на месецот во Узбекистан.

По десет одиграни натпревари екипата на Согдиана во која настапува Дориев се наоѓа на седмото место на табелата со 14 бодови, а има скор од четири победи, две ремија и четири порази.

Во моментот Дориев е најдобар стрелец со осум погодоци во првенството во Узбекистан.

Дориев настапуваше во Брера Струмица тогашна Академија Паденв, потоа за Хоризонт од Турново и Шкендија.

Александар Ванев, М-Нет