
Фудбалската федерација на Македонија го објави списокот на кандидати кои се примени во паралелките по фудбал во Спортската Аакдемија за школската 2024-2025 години.
Согласно објавениот список 29 кандидати од Штип се примени во паралелките по фудбал во Спортска Академија за новата школска година, од овие 29 само едно девојче е примено.
Од Струмица се примени дури 34 кандидати, а од нив само две се девојчиња. Во селектирањето кое се случи во Охрид примени се 23 кандидати, а од нив пет се девојчиња.
Во Гостивар се селектирани 14 кандидати, сите момчиња, во Тетово се селектирани 12 кандидати во албанската паралелка од ние две се девојчиња и 18 во македонската паралелка, сите момчиња. Во селектирањето кое се случи во Прилеп примени се вкупно 30 кандидати во паралелките по фудбал во Спортската Академија за новата школска година. Од овие 30 кандидати само две се девојчиња.
Во Битола се примени вкупно 34 кандидати, а од нив шест се девојчиња, додека пак во Велес се примени 28 кандидати од нив две девојчиња.
Од селектирањето во Скопје се примени 36 кандидати, сите момчиња.
Ова конечен список на кандидатите селектирани по обавеното селектирање за запишување во Спортска Академија по градови за новата школска година.
Александар Ванев, М-Нет