
Јавното претпријатие Солидарност во Виница заглавено во долгови со неисплатени плати на вработените, речиси идентично како и ЈП Исар во Штип. По оставката на претходниот директор од понеделеникот ЈП Солидарност има назначено нов вд директор, а за шест месеци се очекува да има изберено и директор со чива помош би се отплатиле долговите и платите на вработените. Новиот градоначалник на Општина Виница, Миле Петков истакна дека со посветена работа ова претпријтаие може да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните.
„Досегашниот директор на ЈП „Солидарност“ Виница веќе поднесе оставка. Значи во понеделникот назначивме нов вд директор кој што ја презема функцијата и во наредните шест месеци ќе распишеме оглас за директор на ова претпријатие. Моменталната состојба во претпријатието е многу лоша, јп е заглавено во долгови, има не исплатени плати на вработените и многу не испалтени долгови на доверители“ – кажа Петков.
Петков додаде дека сегашаниот кадар во ова јавно претпријатие е доволен меѓутоа истите не се на соодветни работни позиции, а тоа во периодот кој следи ќе биде променето.
„Ние ќе вожиме максимални напори да го стабилиизраме јавното претпријатие во наредниот период, има доволен број вработени, мислам дека се и превработени, но не се доволно искористени“ – додаде Петков.
Инаку за потсетување во мај годинава 102 вработени во ЈП Солидаронст на своите сметки добија плата од само 100 денари бидејќи со толку финансиски средства тогаш располагаше претпријатието.
Лаура Стојанова М-Нет