
За разлика од деновите претходно ситуацијата во Клиничка болница Штип малку смирувачка и позитивна. Имено, по извештајот добиен од болницата во последните 24 часа испишани се десет пациенти, а новопримени само двајца. Со ова бројот на хоспиталзирани пациенти е 51 од кои 45 се на Инфективното одделение и шест на Кожното, а 10 пациенти се на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 33 имаат потреба од кислоордна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а 12 пациенти се вакцинирани. Бројката на слободни ковид кревети е осум, четири на Инфективното одделение и четири на Кожното. Во последното деноноќие битката со корона вирусот во штипската болница ја изгубило едно лице од село Липец на 66 годишна возраст, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница хоспитализирани се 15 ковид пациенти на Интерното одделение кое работи како ковид оддел. Од нив пет пациенти се на кислородна поддршка, а вакцинирани се осум. Во последните 24 часа нема испишани лица, а новопримени се две лица, но регистриран е и еден починат пациент, информираат од Кочанската болница. Слободни се 12 кревети.
Вкупната бројка на активни ковид случаи во Општините од Истокот моментално е 804, од кои најмногу во Кочани 230, во Штип 216 и во Делчево 120. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи го и Пехчево каде има активни 15 ковид случаи.
Според Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.
Лаура Стојанова М-Нет